Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов да побара клубот кој го организирал скандалозниот камп да ги врати парите, а тој да се извини на скопјани

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов да побара клубот кој го организирал скандалозниот камп да ги врати парите, а тој да се извини на скопјани

Шилегов да побара клубот кој го организирал скандалозниот камп да ги врати парите, а тој да се извини на скопјани, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ И во 2019 година, и во 2021 година град Скопје на чело со Петре Шилегов го финансира извидничкиот камп на кој малолетни деца сексуално и психолошки се трауматизирани.

Документите кои ги објавивме јасно покажуваат дека градот Скопје ги известил и средните училишта за оваа своја активност. Со тоа се покажува дека Шилегов точно знаел што прави и не може да бега од одговорност.

Десетици деца ќе имаат долгорочни психолошки последици како резултат на скандалозниот камп кој меѓу другото е овозможен и од финансиите од Шилегов.

Шилегов најмалку што може да направи е да ги побара назад парите, и да се извини на скопјани. А, по промената на власта ќе има и детална истрага за сите можни злоупотреби, за никогаш повеќе да не се повтори“ велат од партијата.

Можете да прочитате

Тачи се кае што станал дел од Европскиот фронт – нема да учествува на локалните избори

МОН: Затворен приватниот Факултет за бизнис економија во Скопје

И покрај долгот од над 10 милиони евра, „Пуцко петрол“ ќе продолжи да го снабдува ЈСП со нафта – вели Јахоски