Утрински Весник
Свет

Состојбата во Србија се влошува, болниците полни со пациенти со коронавирус

Состојбата во Србија се влошува, болниците полни со пациенти со коронавирус

Епидемиолошката состојба во Србија се влошува, а болниците се преполни со пациенти со коронавирус, објави РТС.

На болничко лекување има 6.410 пациенти. Според вчерашниот пресек, на респираторот има 253 лица.

Вчера беа потврдени 6.412 нови случаи од 19.752 тестирани, а почина 51 лице.

Премиерката Ана Брнабиќ најави седница на Кризниот штаб за борба против коронавирусот за следната недела. Таа додаде дека Кризниот штаб не е укинат, дека телото работи дури и кога нема седници и посочи дека не верува во рестриктивни мерки, бидејќи, како што кажа, вакцинацијата е единствениот излез.

Министерката за труд и членка на Кризниот штаб, Дарија Кисиќ – Тепавчевиќ, ги повика граѓаните да се вакцинираат, посочувајќи дека вакцинацијата нема алтернатива.

Можете да прочитате

Франција во затворите има над 90.000 осудени лица

18-годишник со автомобил се заби во навивачи во Австралија, 10 повредени

Големи поплави во Шпанија, има и загинати