Утрински Весник
Спорт

Суарез: Телефонот не беше за Куман, не славев поради почитта кон Барселона

Суарез: Телефонот не беше за Куман, не славев поради почитта кон Барселона
Ss2

Луис Суарез стигна до слатка одмазда против Барселона и Роналд Куман во саботата, постигнувајќи гол против својот поранешен клуб при 2:0 победата, по што направи интересен гест, покажувајќи дека се јавува на телефон, но демантираше дека тоа било порака до Куман, кој славно му кажа дека е „вишок“ во Барса минатото лето преку телефон.

„Тоа беше за луѓето кои знаат дека уште го имам истиот број и дека го користам истиот телефон. Не, воопшто не беше за Куман. Ако сакате да знаете, одамна зборував со моите деца дека ќе го направам тоа“, вели Суарез.

Ss1

И покрај незгодната „соработка“ со Куман, Суарез не го славеше голот поради почит кон поранешниот тим.

„Знаев дека ако дадам гол, дека ќе се извинам. Поради почитта, љубовта, поради тоа што сум уште еден навивач на Барса, за тешкиот период низ кој поминуваат моите колеги и за фановите. За почит“, вели Уругваецот.

Луис Суарез му се „јави“ на Куман

> Суарез: Телефонот не беше за Куман, не славев поради почитта кон Барселона <

Ss1

Можете да прочитате

Шкендија ги искористи киксовите на Струга и Шкупи да им се придружи на врвот

Штербик доживеал срцев удар – 24info.mk

Ѓоковиќ се раздели со уште еден тренер од својот тим