Утрински Весник
Култура

Eдинаесеттото издание на 100 илјади поети за промена во Струмица

Eдинаесеттото издание на 100 илјади поети за промена во Струмица

Вечерва, сабота, 25 септември 2021 година ќе се реализира јубилејното десетто издание на меѓународната манифестација „100 Илјади поети за промена“ – Струмица, Македонија.

Глобалното движење „100 Илјади поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ го реализира 11. издание на поетската манифестација „100 Илјади поети за промена“, а Струмица повторно ќе биде домаќин на сите поети кои изразија интерес преку отворените повици да бидат дел од мисијата на самата манифестација и ова глобално движење.

По претходно распишаните конкурси за поезија и плакат, за ова издание на манифестацијата програмата ќе се реализира на две локации. Во НУЦК „Антон Панов“ (камерна сцена) со почеток во 20 часот ќе биде отворен фестивалот со промоција на зборникот во кој се застапени 60-на поети. Во вториот дел од програмата кој е предвиден да започне во 22 часот во кафе бар Нагоре ќе биде отворена изложбата на плакати, односно дизајнерските решенија кои пристигнаа на конкурсот, а учесниците и гостите ќе ја имаат уникатната можност да го проследат музичко-сценскиот перформанс на колективот Перија.

Ова е настан кој е дел од глобалната манифестација „100 Thousand Poets for Change“ – меѓународна манифестација која годинава се оддржува во повеќе од 15 држави во светот, со десетици закажани виртуелни и offline настани, а нашата држава и Струмица се дел од ова движење уште од самиот почеток. За време на фестивалот ќе бидат запазени сите протоколи за заштита од COVID19 според мерките на СЗО и Министерство за здравство.

Текстот Eдинаесеттото издание на 100 илјади поети за промена во Струмица е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“