Утрински Весник
Македонија

Ново издание на бизнис трката „Business Run 2021“

Ново издание на бизнис трката „Business Run 2021“

На 25 септември во Скопје ќе се одржи „Business Run 2021“, штафетна трка за тимови од ма-кедонскиот бизнис сектор. Правилата и процедурите на ова издание на трката се прилагодени на здравствените протоколи за заштита на учесниците од ковид.

За трката можат да се пријават сите компании, организации, институции, здруженија, дипло-матски претставништва и сл. субјекти кои припаѓаат на деловно-општествената заедница, а се регистрирани и вршат дејност во Република Македонија.

Трката ќе биде штафета со 4 измени, а компаниските тимови треба да бидат во мешан машко-женски состав, за да ја одразат реалната слика на секојдневниот работен амбиент во компаниите. Патеката е долга 8 километри, односно секој учесник во својата измена ќе треба да истрча по 2000 метри.

На последното издание на трката најбрз беше тимот на Комерцијална Банка, втор беше ти-мот на Фитнес Парк, а третото место го освои екипата на Унибанка.

Сите заинтересирани своите тимови можат да ги пријават преку електронскиот формулар на веб страницата www.prvdovrv.mk, заклучно со денес. Нема ограничување за бројот на ти-мови што може да ги пријави секоја компанија.

Најбрзите три тимови ќе бидат наградени со златна, сребрена и бронзена штафета, а ќе бидат наградени и двајцата најбрзи поединци во машка и женска конкуренција, оние кои истрчале најбрз круг.

Целта на оваа трка е заедничко спортско, рекреативно и деловно дружење помеѓу компаниите и јакнење на тимскиот дух помеѓу вработените.

Организатор e здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје.

Можете да прочитате

Нов пожар кај Смилковско Езеро – прекинат сообраќајот

Јавноста шокирана: Дете врзано со јажиња – МВР преземаат мерки

Владата задоцни, народот сам гаси, Димитриевиќ од Дојран со жестока критика