Утрински Весник
Свет

(Видео) Напад во Холандија – маж со самострел пукаше во минувачите, има починати

(Видео) Напад во Холандија – маж со самострел пукаше во минувачите, има починати

Холандските медиуми јавуваат дека маж од балкон во градот Алмело пукал во случајни минувачи со самострел, а две тела подоцна биле откриени во куќата.

Сопред извешатите на некои од холандските портали, полицијата наводно пукала кон човекот откако почнал да стрела со самострел кон минувачите во Холандија, при што загинале две лица. Ранетиот напаѓач бил уапсен.

Полицијата прво твитна дека ситуацијата е под контрола, но ситуацијата подоцна беше оценета како опасна по безбедноста на населението, пренесуваат медиумите.

На социјалните мрежи кружи видео од напаѓач што пука од самострел од балконот, а неколку моменти подоцна тој влегува внатре.

Според Холандија тајмс, најмалку шест амбулантни возила и исто толку полициски возила биле распоредени на местото на настанот.

Според локалните медиуми, полицијата засега не го смета инцидентот за терористички напад.

Можете да прочитате

Гроси повикува на воздржаност по нападот во близина на нуклеарната централа Запорожје

Нов силен земјотрес ги погоди руските Курилски Острови

За пет години кириите во Европа пораснаа за 12,5 отсто