Утрински Весник
Свет

Првпат Албанија има влада со мнозинство жени

Првпат Албанија има влада со мнозинство жени

Албанскиот парламент гласаше за првата влада во која мнозинството го сочинуваат жени откако во земјата беше воведен повеќепартиски систем пред 30 години.

По парламентарното собрание, кое траеше повеќе од 20 часа, Еди Рама беше избран за премиер третпат по ред по огромната победа на изборите во април.

Од 17 члена на владата, 12 се жени.

„Борбата против родовата дискриминација и семејното насилство останува отворена и е далеку од победена“, рече Рама пред пратениците што гласаа за неговата влада со 77 гласа од 140 додавајќи: „Сѐ уште има дискриминаторски сили и негативна енергија што дејствуваат во нашето општество да им наштети на жените и девојчињата“.

Олта Џачка ќе продолжи да ја извршува функцијата министер за надворешни работи, а Делина Ибрахимај, поранешна шефица на даночната администрација, ќе раководи со Министерството за финансии и економија.

Рама рече дека борбата против криминалот и корупцијата ќе биде приоритет во третиот мандат.

Новата влада предвидува економски раст од 4 проценти годишно по падот од 3,3 проценти во 2020 година како резултат на пандемијата.

Можете да прочитате

Ердоган во Истанбул се сретна со лидерот на Хамас, Ханија

Египет бара Израел да ги отвори премините со Појасот Газа

Израелски напад во Рафа, загинаа 6 деца и тројца возрасни