Во рамки на „Преспаленд“ во чест на народниот борец и поет Димитар Мите Богоевски во Ресен денеска беше отворен мурал посветен на неговиот лик и дело.
Фестивалот продолжува со ликовната изложба „Преспа во срцето, Кирил Јоновски- најголемиот познавач и хроничар на овој регион“ која од 17 часот ќе биде отворена во Домот на културата во Ресен.
Во 19 часот на амфитеатарот во Ресен ќе настапи Toka Shitet. Зад ова уметничко име е Идриз Амети, фронтменот на групата „Бла Бла Бла“. Како соло уметник свири на традиционалниот балкански инструмент шаркија. По него со почеток од 20:00, фестивалот „Преспаленд“ со концерт ќе го затворат блуз легендите Игор Џамбазов и Гуру Харе.
Текстот Со концерти на Игор Џамбазов, Гуру Харе и Тока Шитет вечерва завршува „Преспаленд“ е превземен од МАКФАКС.