Утрински Весник
Македонија

Скопјанец го дал автомобилот на поправка, но не му го вратиле со месеци

Скопјанец го дал автомобилот на поправка, но не му го вратиле со месеци

Скопјанец на возраст од 51-година во полицијата пријавил дека уште во јули го дал својот автомобил на поправка, но досега не му бил вратен назад. Мајсторот што ветил дека ќе го поправи возилото постојано наоѓал изговори.

„Д. С. (51) од с. Бардовци, Скопско, пријавил дека на почетокот на јули со Н. С. се договорил да му го поправи неговото возило, но до денот на пријавувањето Н. С. не му го вратил возилото поправено и секогаш наоѓал разни изговори“, велат од МВР.

Со пријавениот бил извршен разговор, а возилото „опел омега“ било најдено и вратено на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против Н. С. ќе биде поднесена пријава.

Можете да прочитате

Пожар го затвори експресниот пат Штип – Кочани, сообраќајот во прекин

Скопјанец во Охрид со бензин испрскал момче од Кичево

Левица: ДПМНЕ ја распродава енергетската иднина на Македонија со дата-центар во Пехчево