Утрински Весник
Свет

Ќе зборувам иако не сум вакциниран-Болсонаро за говорот пред ОН

Ќе зборувам иако не сум вакциниран-Болсонаро за говорот пред ОН

Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, изјави дека следната недела ќе се обрати на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, иако не бил вакциниран.

Од Канцеларијата на градоначалникот на Њујорк претходно објавија дека сите учесници на Генералното собрание на ОН ќе мора да имаат доказ за вакцинација за да влезат во салата за дебати, која е класифицирана како конгресен центар.

Сепак, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека не може да наметне такво барање на шефовите на државите. На почетокот на пандемијата, Болсонаро го опиша коронавирусот како „мал грип“, а во април изјави дека ќе биде последниот Бразилец што ќе биде вакциниран.

Можете да прочитате

Гардијан: Британски компании за водоснабдување испуштаат отпад во постројки за пречистување

Руската компанија „Јандекс“ соопшти дека нејзиниот центар за податоци во градот Владимир прекинал со работа по украински напад со дрон

Чешката опозиција оствари успех на изборите за Сенатот