Утрински Весник
Спорт

Драконска казна за Алжирецот кој на ОИ одби борба со Израелец

Драконска казна за Алжирецот кој на ОИ одби борба со Израелец

Интернационалната џудо федерација им изрече жестоки казни на Алжирецот Фетхи Нурини и неговиот тренер. Нурини, на Олимписките игри во Токио одби да се бори против израелски репрезентативец.

Нурини во категоријата до 73 килограми, во четврт-финалето, за противник го доби Тохар Батбул, но одби да се бори.

„Многу труд вложивме да дојдеме на Игрите, а потоа не шокира оваа вест. Мојата одлука е конечна, не сакам да си ги валкам рацете“, изјави Нурини пред 40 дена, објаснувајќи дека со оваа одлука сака да им даде политичка поддршка на Палестинците.

Интернационалната џудо федерација на Нурини и неговиот тренер им изрече 10-годишна забрана за настап на меѓународните натпреварувања. Нурини има 30 години, што значи дека ова може да претставува крај на неговата кариера.

Оваа одлука Нурини и неговиот тренер имаат право да ја обжалат пред Судот за спортска арбитража.

> Драконска казна за Алжирецот кој на ОИ одби борба со Израелец <

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност