Утрински Весник
Македонија

(Видео) Незадоволни лозари го истурија грозјето пред винаријата „Тиквеш“

(Видео) Незадоволни лозари го истурија грозјето пред винаријата „Тиквеш“

Незадоволните лозари доцна попладнево се собраа на протест пред најголемата винарска визба во земјава „Тиквеш“ поради промената на условите за откуп на грозјето.

Насобраните луѓе со пцовки и турканици го фрлаа грозјето пред винаријата. Некои се обидуваа да пробијат внатре во објектот пред кој имаше полиција.

Претходно лозарите во текот на попладнето истурија неколку трактори грозје пред винаријата.

Откупот на грозјето туку што почна и веднаш се појавија проблеми со откупната цена и шеќерните единици на грозјето.

Можете да прочитате

Марковски: Недозволувањето пристап за медиумите отвора сериозни сомнежи за подземната улица во Центар

Промовирано ново институционално лого на Јавното обвинителство

Скап квадрат, евтина изведба – Алармантна слика за македонските новоградби вели Марковски