Утрински Весник
Македонија

(Видео) Арсовски: Филипче нема одговор на ниедно прашање што ја интересира јавноста

(Видео) Арсовски: Филипче нема одговор на ниедно прашање што ја интересира јавноста

Венко Филипче нема одговор на ниту едно прашање кое што ја интересира јавноста, а кои му се поставуваат цел ден, но во едно е сигурен и знае единствено дека нема да поднесе оставка, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсковски, по пресот кој попладнево го одржа министерот за здравство.

„Oна што првенствено сакаме да го потенцираме во овој момент, уште еднаш кажувам, да го потенцираме, е потребата од неутрална и објективна истрага и лоцирање на целосна одговорност за вчерашната трагедија. За жал, без оставка на Зоран Заев и Венко Филипче кои што можат да влијаат на истрагата нема да биде можна непристрасна и објективна истрага“, нагласи Арсовски.

Според партискиот портпарол, доколку не дадат оставка Зоран Заев и Венко Филипче, тогаш ќе настане апсурдна ситуација во која тие самите ќе ги истражуваат сопствените пропусти.

Можете да прочитате

Полициски хеликоптер во 60 налети исфрли 80 тони вода врз пожар во струмичко

ЦУК: Активни 4 пожари, под контрола 7 и 19 изгаснати

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност”