Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Запленети 280 килограми режан тутун и 59.996 штеки цигари

Запленети 280 килограми режан тутун и 59.996 штеки цигари
Img 7972

Царинската управа во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при МВР спроведе акција против нелегална продажба на режан тутун, при што на две одделни локации на територија на Град Скопје привремено се одземени 280 килограми режан тутун, со што избегната е наплата на акциза во износ од околу 500.000 денари. Против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.

Во паралелна независна истрага на граничен премин Табановце по извршена детална контрола на товарно моторно возило, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи привремено задржале 1200 пакети (59996 штеки) цигари со трговска Marble Filter de luxe.

Стоката, со вкупна вредност по фактура од 6.155.280,00 денари е привремено задржана поради основано сомневање за повреда на права од интелектуална сопственост.

„ Цигарите и режаниот тутун се акцизни производи, за кои се плаќа акциза, а кога ќе се најдат во малопродажба, истите мора да бидат обележани со контролни марки. Акцизите учествуваат со околу 22% во вкупните даноци кои ги прибира државата, а во буџетските приходи акцизите учествуваат со 13%, од кои над 5% се од цигари и тутунски производи. Соодветно на тоа, станува збор за значаен извор на приходи во буџетот на државата.

Сериозноста на проблемот и обемот на штетите што нелегалната трговија со тутун и тутунски производи го предизвикува, бара од нас континуирани напори за да го спречиме нелегалниот промет на акцизни добра“ велат од Царинската управа.

Можете да прочитате

Во Ново село одложено подигнувањето на изборен материјал и гласање на болни и изнемоштени лица – има и грешки во избирачкото ливче

Струмичанец фатен при кражба на дрва

Есенва не очекува динамична атмосфера, ќе биде поладна, а снегот може да порани