Утрински Весник
Спорт

Тугај пушел 20 цигари дневно во Блекбурн и редовно на полувреме

Тугај пушел 20 цигари дневно во Блекбурн и редовно на полувреме

Тугај Керимоглу, поранешниот турски репрезентативец, кого во Блекбурн роверс го сметаат за легенда на клубот откако играше од 2001 до 2003 во поранешниот премиерлигаш, пушел по 20-ина цигари дневно и редовно на полувреме палел цигара, вели неговиот поранешен соиграч Мат Јансен.

Јансен вели дека во својата 19-годишна кариера не сретнал поинтелигентен фудбалер.

„Нема никаква брзина, ниту многу голема издржливост. На почетокот не знаеше ниту збор англиски. Пушеше како оџак, барем 20 цигари на ден. Но, каков играч беше за Блекбурн. Кажав дека едвај трчаше, но имаше неверојатен преглед на играта и не мораше да трча. На добар терен тој го водеше шоуто со својата визија. Вистинска класа, најдобар играч со кого сум играл. Тогаш фудбалерите живееја живот каков што сакаат. Немаше поента да се обидеме да го натераме да престане да пуши. Ќе влезеше во соблекувална и ќе труеше на цигари, а потоа ќе водеше шоу 45 минути. И на полувремето пак ќе запалеше цигара. Еднаш менаџерот Греем Сунес го бараше на полувремето и го најдовме во тоалетот како пуши со вратарот“, вели Јансен.

> Тугај пушел 20 цигари дневно во Блекбурн и редовно на полувреме <

Можете да прочитате

Косовските репрезентативци наградени со 500.000 евра пред дуелот со Турција

Вардар нема да наплаќа билети за дербито со ГРК Охрид

Стадионот во Приштина е премал да ги прими сите заинтересирани за дуелот Косово – Турција