Утрински Весник
Македонија

Повеќе улици во Центар утре ќе бидат затворени за сообраќај

Повеќе улици во Центар утре ќе бидат затворени за сообраќај

Поради подготовки за настанот по повод Денот на независноста, во центарот на Скопје утре, вторник, почнувајќи од 11 часот затворени за сообраќај ќе бидат улица 11-ти Октомври и ул. Димитрие Чупоски во правец на движење од ул.Васил Главинов до ул.Филип Втори Македонски додека спротивниот правец ќе биде отворен за сообраќај, а од 15 часот сообраќајот ќе биде затворен во двата правци.

Од 23 часот на 07.09. до 11 часот на 08.09. дополнително затворени за сообраќај ќе бидат ул.Даме Груев на потегот од крстосницата со ул.Македонија до крстосницата со ул.11-ти Октомври и ул.Филип Втори на потег од Кеј 13-ти Ноември до ул.11-ти Октомври и ул.11-ти Октомври на потегот од бул. Кочо Рацин до ул. Даме Груев.

Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Можете да прочитате

Османи: Комунициравме со ВМРО-ДПМНЕ, очекуваме предвремени избори напролет

Чистејќи го имотот, запалил оган и предизвикал пожар

Алијанса за Албанците: Резултатите од ПИСА 2025 – црвен аларм за образованието