Утрински Весник
Македонија

Автомобил се судри со мопед, повредени мопедистот и неговиот сопатник

Автомобил се судри со мопед, повредени мопедистот и неговиот сопатник

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера на улицата 101 во Гостивар помеѓу патничко моторно возило „фолксваген т-рок“, управувано од А.Б.(68) од Гостивар и мопед „априлија“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.М.(24) од Гостивар.

„Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник на мопедот, а со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Ургентниот центар во Гостивар“, велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Можете да прочитате

Министерот за здравство лично им се извинил на вработените во пералната на Клиничкиот центар

Семјеството на Теодора Ристовска реагира: „Кога убиецот шета слободен, целата нација е жртва“

Владата бара ЗНМ прво да се консултира пред изнесува јавни квалификации