Утрински Весник
Свет

Од денеска во Италија задолжителна зелена карта за превоз

Од денеска во Италија задолжителна зелена карта за превоз
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во Италија, од денеска, здравствениот зелен картон е задолжителен за луѓето што патуваат со брз воз, авион, траект и меѓурегионален автобус.

Зелениот картон е дигитален или хартиен сертификат што покажува дали некое лице примило барем една доза од вакцината против Ковид-19, било негативно тестирано или неодамна го прележало вирусот, пишува „Ројтерс“.

Премиерот Марио Драги го воведе сертификатот порано за да ги поттикне луѓето да се вакцинираат.

Тоа предизвика протести кај Италијанците кои тврдат дека сертификатот е кршење на слободата, а според податоците, 70,1 проценти од Италијанците постари од 12 години се целосно вакцинирани.

Министерот за надворешни работи на Италија, Луиџи ди Мајо, ја осуди кампањата против вакцинацијата, нарекувајќи ја „клима на омраза“, откако бројни политичари и медицински работници добија закани на социјалните мрежи.

Владата објави дека на наставниците ќе им треба зелена карта за да можат да работат во училиштата, а официјалните лица минатата недела рекоа дека размислуваат да ја прошират програмата за сите што работат во јавни канцеларии и супермаркети.

Можете да прочитате

Трамп: САД извршиле напад врз пристаниште во Венецуела поврзано со нарко-шверц

Трамп: САД извршиле напад врз пристаниште во Венецуела поврзано со нарко-шверц

Белорусија прикажа распоредување на рускиот хиперсоничен систем „Орешник“