Утрински Весник
Македонија

За првпат италијанска паралелка во гимназијата „Никола Карев“

За првпат италијанска паралелка во гимназијата „Никола Карев“

Во гимназијата „Никола Карев“  ќе се изучува италијански јазик, како трет јазик во наставата.

Станува збор за група од 23 деца кои се запишани во прва година, кои во две смени ќе ја посетуваат оваа настава и кои на крајот на своето образование ќе се стекнат со Б2 сертификат за познавање на италијанскиот јазик.

Италијанска паралелка се отвора за прв пат во нашата земја, на иницијатива на средното училиште „Никола Карев“, а со поддршка на Град Скопје и Амбасадата на Италија. Запишаните ученици ќе го изучуваат италијанскиот јазик со 6 часа неделен фонд. Тие ќе имаат прилика да изучуваат италијанска книжевност, култура, историја и уметност, а по завршувањето на четиригодишното образование ќе се стекнат со сертификат за познавање на јазикот со ниво Б2. На тој начин на учениците кои следеле настава во италијанската паралелка им се овозможува полесно да се запишат на некои од универзитетите во Република Италија.

Градоначалникот Петре Шилегов и министерката за образование, Мила Царовска денеска ги посетија средношколците во гимназијата, посакувајќи им многу успеси во учењето и во нивниот личен и професионален развој. На посетата на гимназијата „Никола Карев“ присуствуваше и амбасадорот на Италија во нашата земја, Андреа Силвестри.

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”