Утрински Весник
Спорт

Се сеќавате на филмот „Гол“? Њукасл потпишаа со Сантијаго Муњоз!

Се сеќавате на филмот „Гол“? Њукасл потпишаа со Сантијаго Муњоз!

Њукасл јунајтед го потврдија трансферот на младинскиот репрезентативец на Мексико, Сантијаго Муњоз на 18-месечна позајмица во договор кој има неверојатна сличност со клучниот момент од славниот фудбалски филм „Гол“.

Тинејџерот доаѓа од тимот на Сантос Лагуна со договор до средината на 2022/23, кога ќе се размислува за постојан трансфер.

Во филмот од 2005, „Гол“, исто така познат како „Гол! Сонот почнува“ (ако не сте го гледале топла препорака), Њукасл јунајтед купуваат млад фудбалер од Мексико со име Сантијаго Муњез на проба и во текот на филмот, тој станува клучен играч на Њукасл, ги води во Лигата на шампионите и го постигнува победничкиот гол против Ливерпул за титулата.

> Се сеќавате на филмот „Гол“? Њукасл потпишаа со Сантијаго Муњоз! <

Можете да прочитате

На Меси му е дијагностициран со мускулен замор

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп