Утрински Весник
Македонија

Груби: Албанците беа и се за независностa на Северна Македонија

Груби: Албанците беа и се за независностa на Северна Македонија

Владата денеска одржа свечена седница посветена на 30-годишнината од независноста на државата.

Покрај премиерот Заев, на истата говореа вицепремиери и министри, а меѓу нив и првиот заменик на премиерот и министер за политички систем, Артан Груби.

Првиот вицепремиер констатираше дека 30-годишното минато нѐ научило дека кога заедно ја градиме иднината, врз основа на меѓусебното почитување и рамноправност, ништо не е невозможно.

„Албанците беа и се за независноста, заедно на темелите на референдумот и декларацијата за независнот и Охрдискиот рамковен договор го избравме дијалогот, рамноправноста и соживотот, но и пријателството со соседите и го определивме нашиот пат кон НАТО и кон ЕУ. Затоа Договорот за добрососедство и Преспанскиот договор се неразделен дел од мозаикот којшто нѐ направи членка и доверлив партнер на НАТО. Во овие важни моменти на оваа 30-годишнина како независноста, Охридскиот договор, Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство се темелите на државата“, рече Груби и на сите граѓани им го честиташе јубилејот – 30 години независност.

Можете да прочитате

Пожарот во Шуто Оризари е подметнат – доаѓаат со тротинети, потураат течност, палат и си одат

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад Аденауер

Досега регистрирани 138 шумски пожари, до крајот на јули штетата изнесува четири милиони евра