Утрински Весник
Спорт

„Не требаше да го поништат голот на Пандев“

„Не требаше да го поништат голот на Пандев“

Наполи, вчера, на „Луиџи Ферарис“ во Џенова, го победи домашниот тим со 2:1. Голот за победа го постигна Андреа Петања во 84.минута.

Многу полемики предизвика поништениот гол на Џенова, при резултат 0:1. Горан Пандев, постигна гол во 54.минута, но ВАР го поништи голот поради наводниот фаул на Брукс врз голманот на Наполи, Мерет.

„Мислам дека голот на Пандев не требаше да биде поништен. Неколку играчи на Наполи се смееја поради таквата одлука“, изјавил тренерот на Џенова, Давиде Балардини.

> „Не требаше да го поништат голот на Пандев“ <

Можете да прочитате

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија