Утрински Весник
Спорт

Почина Жак Рог, поранешниот претседател на ИОЦ

Почина Жак Рог, поранешниот претседател на ИОЦ

Поранешниот претседател на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Жак Рог, кој го предводеше олимпиското движење од 2001 до 2013 година, почина на 79 години.

ИОЦ ја потврди смртта на Белгиецот во неделата, но не ги даде деталите и причината за спортот, иако неговото здравје беше влошено откако си замина од претседателската функција.

Откако прво беше трикратен олимпиец како дел од едриличарскиот тим на Белгија, беше на чело на три Летни Олимпијади, период во кој беше забележителен во борбата против допингот и финансиското закрепнување на движењето.

Додека тој беше претседател, Летната Олимпијада првпат се оддржа во Јужна Америка (Рио де Жанеиро), а Зимската Олимпијада првпат се оддржа во Јужна Кореја и Русија.

> Почина Жак Рог, поранешниот претседател на ИОЦ <

Можете да прочитате

Ла Лига со критики за Винисиус

Македонија вечерва против Турција на ЕП

Оклахома поуспешна од Лејкерс за четврта победа во низа