Утрински Весник
Свет

Бројот расте – најмалку 170 цивили и американски војници загинаа во нападот на Кабул

Бројот расте – најмалку 170 цивили и американски војници загинаа во нападот на Кабул

Бомбаши самоубијци вчера извршија напад на аеродромот во Кабул во кој според најновите податоци загинаа 170 цивили и американски војници.

Најголем број од жртвите се Авганистанци. Од 13 убиени Американци, 10 се припадници на маринците. Во нападот беа повредени најмалку 18 американски војници.

Русија и Кина остро го осудија нападот за кој одговорноста ја презеде Исламската држава.

Американскиот претседател Џо Бајден ѝ вети на нацијата дека ќе ги фати сторителите на нападот во кој загинаа најмалку 12 американски војници, потврдувајќи дека големата операција за евакуација на цивили ќе продолжи до 31 август кога американските сили ќе се повлечат од Авганистан.

Можете да прочитате

Русија соопшти дека погодила три пловила во пристаништето Черноморск, како и магацин за дронови и фабрика во Одеската област

Меркел им порача на Германците дека „нема бесплатен ручек“ и ги повика да ја бранат демократијата

Два брода нападнати во близина во Ормуската Теснина во близина на Оман