Утрински Весник
Македонија

Maксим Димитриевски ќе настапи како независен кандидат, од СДСМ велат дека тој им свртел грб на граѓаните и партиското членство

Maксим Димитриевски ќе настапи како независен кандидат, од СДСМ велат дека тој им свртел грб на граѓаните и партиското членство

Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски најави дека ќе настапи како независен кандидат на претстојните локални избори.

Тој истакна дека процедурата за собирање на потписи е почната и за таа цел закажа прес-конференција за денеска во 14 часот.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија реагира дека потегот на Димитриевски им го олеснува изборот на граѓаните.

„Тој што им врти грб на граѓаните, на поддржувачите на демократската и прогресивната опција, на членството и базата на СДСМ, не може да биде најдобра опција за кумановци“, велат од СДСМ.

Инаку, СДСМ се уште не промовирал кандидат за градоначалник на Куманово.

Владејачката партија најави дека ќе ја даде најдобрата понуда за граѓаните на Куманово на овие локални избори, а името на кандидатот и советничката листа ќе бидат објавени наскоро.

„За СДСМ, интересот на граѓаните на Куманово бил и секогаш ќе биде пред интересот на Максим Димитриевски или бил чиј друг личен интерес“, додава СДСМ.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа