Утрински Весник
Македонија

МНР: Сите граѓани кои беа пријавени за евакуација веќе го имаат напуштено Кабул

МНР: Сите граѓани кои беа пријавени за евакуација веќе го имаат напуштено Кабул

Според последните информации од повеќе извори сите граѓани кои беа пријавени за евакуација веќе го имаат напуштено Кабул и во моментов се наоѓаат на неколку локации, соопштија од Министерството за надворешни работи.

Дообјаснуваат дека најголемиот дел, преку 30 наши граѓани се наоѓаат во Свинленд, Велика Британија, над 20 граѓани се наоѓаат во Доха, Катар, од каде во наредните денови ќе бидат транспортирани кон европските центри, а потоа кон Скопје, последните наши граѓани кои беа предвидени за евакуирање, а се наоѓаа во НАТО базата во Кабул, вчера исто така го напуштија Авганистан и се наоѓаат во Осло, Норвешка, информира МНР.

„Во НАТО базата во Кабул се останати само оние кои сѐ уште ги обавуваат своите обврски, и чија евакуација ќе се одвива согласно распоредот за повлекување од самата база“, стои во соопштението.

Со ова, сите граѓани кои беа планирани за евакуација се евакуирани и во моментов немаме информација за наш државјанин кој е во загрозувачка ситуација или кому му е потребна асистенција за евакуација“, потенцираат од министерството.

Можете да прочитате

Над 45 илјади ваучери за електронски уреди за студенти се подигнати, искористеноста околу 99 проценти, вели Мицкоски

Мицкоски: Не е проблем да појдам во ССМ, понудата е на маса, нека се одважи гранковиот синдикат УПОЗ да потпише

СДСМ: Дали Жан излезе со клевета за Филипче за власта да го повлече Кедев