Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Деветте „бунтовнички“ клуба се вратија во ЕЦА, но не и Реал, Барса и Јуве

Деветте „бунтовнички“ клуба се вратија во ЕЦА, но не и Реал, Барса и Јуве
300x250 opst2

Европската асоцијација на клубови (ЕЦА) ја потврди реинтеграцијата на деветте клуба кои го напуштија проектот на Европската Суперлига – Арсенал, Тотенхем, Ливерпул, Манчестер јунајтед, Челси, Атлетико Мадрид, Интер и Милан.

Клубовите побараа од бордот на ЕЦА да размисли за „повлекување на претходното откажување“ кое беше објавено во април оваа година. Според „Њујорк тајмс“, клубовите сега потпишале „легално обврзувачки документи“ да се вратат во ЕЦА.

Јувентус, Реал Мадрид и Барселона не се вклучени во листата на клубови кои се враќаат во ЕЦА, откако трите клуба остануваат членови на Европската Суперлига и продолжуваат со проектот и покрај осудата од фановите и од УЕФА.

> Деветте „бунтовнички“ клуба се вратија во ЕЦА, но не и Реал, Барса и Јуве <

Можете да прочитате

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер