Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

СДСМ: Зад вчерашните протести на кои се навредуваа доктори и новинари стојат ВМРО-ДПМНЕ и Левица

СДСМ: Зад вчерашните протести на кои се навредуваа доктори и новинари стојат ВМРО-ДПМНЕ и Левица
300x250 opst2

СДСМ најостро ги осудува вчерашните протести, пораките, говорот на омраза, навредите кон докторите, медицинскиот персонал, но и новинарите и адвокатите, велат од владејачакта партија.

Од таму сметаат дека вчерашниот протест против новите мерки кои стапуваат на сила од денеска бил срамен настан и претставувал загрозување на здравјето на граѓаните.

„Организацијата на протестите во повеќе градови, иконографијата идентична со опозициските митинзи, политичките пораки против актуелни министри, како и евидентно присутните членови и симпатизери на две политички партии покажуваат дека зад овие протести стојат ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Секако поддржани од Бојкотирам“, псочуваат од СДСМ од каде додаваат дека со овој начин на делување, ВМРО-ДПМНЕ и Левица се сериозна опасност по здравјето на граѓаните.

Од владејачката партија им порачуваат на граѓаните дека лажните информации со кои некој упорно сака да ги одврати од вакцинацијата предизвикуваат директна штета по нивното здраве.

„Масовната вакцинација е единствен начин за да се заштитите, да го заштитите вашето, но и јавното здравје“, нагласуваат од СДСМ и апелираат граѓаните кои досега не се вакцинирале да го сторат тоа што поскоро.

Можете да прочитате

Сакала да изнајми стан, ја измамиле за 300 евра

Албанска државјанка нападнала полцајка во Прилеп

На изборите има две опции, едната е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата а другата е коалицијата СДСМ – ДУИ – Левица, смета Мицкоски