Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе ги објави имињата на дел од кандидатите за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе ги објави имињата на дел од кандидатите за градоначалници

Утре ќе бидат објавени имињата на кандидатите за градоначалници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, што беа утврдени на Централниот партиски комитет, соопшти првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, попладнево истакна дека на овие избори партијата ќе настапи со многу нови ликови,  нова енергија, нова визија за развој и решавање на што повеќе проблеми.

„Најдоброто допрва доаѓа. И на крај, овие избори се повеќе од само локални, ова се работи за одлука каква општина, каква иднина сакате, и во каква земја сакате да растат вашите деца. ВМРО-ДПМНЕ оди на убедлива победа, на историски пресврт, за промени, за нов почеток, за покажување на дело дека има разлика“, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

По еден месец вратени на работа 7-те Албанци отпуштени од Министерството за односи меѓу заедниците

Јаневска: Наставниците ќе добијат покачување на платите

Мицкоски: Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, тоа е само признание за нивото на демократија во Македонија