Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе ги објави имињата на дел од кандидатите за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе ги објави имињата на дел од кандидатите за градоначалници

Утре ќе бидат објавени имињата на кандидатите за градоначалници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, што беа утврдени на Централниот партиски комитет, соопшти првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, попладнево истакна дека на овие избори партијата ќе настапи со многу нови ликови,  нова енергија, нова визија за развој и решавање на што повеќе проблеми.

„Најдоброто допрва доаѓа. И на крај, овие избори се повеќе од само локални, ова се работи за одлука каква општина, каква иднина сакате, и во каква земја сакате да растат вашите деца. ВМРО-ДПМНЕ оди на убедлива победа, на историски пресврт, за промени, за нов почеток, за покажување на дело дека има разлика“, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Трипуновски: Потребно е целосно расветлување на случајот со распределбата на финансиски средства, станува збор за над 800.000 евра

(Фото) Мерцедес се заби во автобус на ЈСП кај Чаирчанка

Животното од Козле е вистински волк, потврдија домашни и странски експерти