Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Новина во мерките: Оние кои прележaле Ковид-19, 45 дена ќе можат да одат по кафеани без примена вакцина

Новина во мерките: Оние кои прележaле Ковид-19, 45 дена ќе можат да одат по кафеани без примена вакцина
300x250 opst2

Граѓаните кои ќе го прележат коронавирусот, во следните 45 дена ќе можат да одат во кафеани и на настани без вакцина. Ова е новината која ја најави министерот Венко Филипче, а ќе биде дополнување на мерките кои од понеделник ќе се применуваат низ цела држава. Според него, тоа е доволен простор за граѓаните да имаат време да се вакцинираат.

„Освен бараниот сертификат за вакцина, ќе биде доволно да се приложи и потврда дека пациентот бил заболен од ковид во изминатите 45 дена. Сето ова ни укажува дека единствено решение е да се зголеми опфатот на вакцинирани. Се зголеми интересот по најавата за новите мерки. Ако граѓаните имаат дилема, сакам да ги охрабрам да одат да се вакцинираат. Одличен е одзивот по најавата за новите мерки“, рече Филипче.

Прашан колкав процент од заразените се лица кои биле на прослави, забави, свадби, министерот рече: „Анализата пред една недела покажа дека 40 отсто кажале дека биле на некаква прослава. Тоа не е чудо. И минатата година проблем беа кластерите каде имаше масовни собири“.

За евентуално воведување на мерки за влез и излез од Македонија, Филипче рече: „Ова е прв чекор со кој сакаме да ја поттикнеме вакцинацијата. Дополнително ќе разговараме“.

Информациите кои се појавија во јавноста дека Срби доаѓале во Тетово за да им се изработат лажни сертификати за примена вакцина, Филипче посочи да се пријават во институциите.

„Ние имаме многу безбедни системи за пријавување и за покажување на сертификатите. Тоа е нашиот систем ‘Мој термин’“, рече министерот.

Можете да прочитате

Двајца уапсени по тепачка пред ресторанот „Дукат“ во Капиштец

Филипче: Тоа што СДСМ го создаде ДПМНЕ го руши, укинати здравствените услуги во Неготино

Почина момчето, кое со мотоцикл удри во џипот на пратеник од Левица