Утрински Весник
Македонија

МНР: Граѓаните да не патуваат во Авганистан поради влошена безбедност

МНР: Граѓаните да не патуваат во Авганистан поради влошена безбедност
Dik 300x250 mk

Заради влошената безбедносна состојба и зголемениот интензитет на воени дејствија во Исламската Република Авганистан, Министерството за надворешни работи препорачува на сите граѓани на Република Северна Македонија да не патуваат во Авганистан, а доколку моментално се наоѓаат во земјата, заради лична безбедност да заминат во најскоро можно време.

Министерството за надворешни работи ги повикува сите државјани на Република Северна Македонија кои се наоѓаат на територијата на Исламската Република Авганистан, во случај на итна потреба и барање помош, да се обратат на следниот телефонски број +389 75 273 732.

Можете да прочитате

Нови обилни дождови и засилен јужен ветер доаѓаат во нашата Македонија

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога, уапсени две лица

ВЛЕН: ДУИ без власт тоне во паника и самозалажување!