Утрински Весник
Спорт

Милевски подготвен за дебито на клупата на Македонија

Милевски подготвен за дебито на клупата на Македонија

Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски е подготвен за предизвикот пред продолжувањето на квалификациите за Светското првентство во Катар во 2022 година.

Милевски доаѓа на местото на Игор Ангеловски, и секако со надеж дека ќе продолжи со растот на репрезентацијата по првиот историски пласман на Европското првенство.

„За мене оваа функција е пред сè гордост и исполнетост.  И од спортски и од национален, но и од човечки аспект.  Се радувам на првата средба со фудбалерите, се радувам на позитивната атмосфера и со нетрпение го очекуваме првиот собир.  Тие се созреани како личности, а тоа е позитивно за нашата работа. Карактерно се селектирани, а токму тоа и треба на македонската репрезентација“, вели Милевски во интервју за официјалниот профил на ФФМ.

> Милевски подготвен за дебито на клупата на Македонија <

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија