Утрински Весник
Македонија

На ГП Табановце за излез се чека околу 30 минути

На ГП Табановце за излез се чека околу 30 минути

На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција, времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Oд таму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Малолетник заврши на ургентен – ова е причината!

Фатен на дело дилер на дрога – ја продавал на три лица во Охрид

Патничко возило со американски ознаки излетало од патот кај Кичево – едно лице тешко повредено