Утрински Весник
Магазин

Sвездата на популарната серија „Бриџертон“ летува во Истра

Sвездата на популарната серија „Бриџертон“ летува во Истра

Актерката Фиби Диневор пристигна во убавата Истра каде ужива во морски деликатеси.

Фиби е во врска со познатиот комичар Пит Дејвидсон, но таа не дојде во Хрватска со него, туку со пријателка.

Британската актерка (26) се стекна со светска слава со хит-серијата „Бриџертон“ и жешките сцени што ги сними со Реже-џин Пејџ (31).

Фиби сподели фотографија на која се гледа како се релаксира со вино и овошје, и посочи дека е во Истра.

Младата актерка ја следат 2,6 милиони луѓе на Инстаграм, и со нив не споделува премногу детали од својот приватен живот.

Фиби е во врска со комичарот Пит Дејвидсон, кого не го донела на патување, туку решила да дојде со пријателка.

Можете да прочитате

Кокаин пронајден кај големи бели ајкули на Бахамите

Научници дојдоа до неверојатни откритија: Човечкото тело како биолошки извор на светлина

Потребни се најмалку шест месеци за значително подобрување на липидниот статус