Утрински Весник
Магазин

Почина Денис Томас, ко-основачот на „Кул енд д генг“

Почина Денис Томас, ко-основачот на „Кул енд д генг“

Денис Томас, еден од основачките членови на Kool & the Gang, соул-фанк бендот од 70-тите и почетокот на 80-тите години, почина на 70-годишна возраст.

Тој починал мирно во сон во Њу Џерси во саботата, како што објави бендот на својот Фејсбук-профил..

Денис свиреше на саксафон, флејта, ударалки и беше мајстор за церемонии на концертите.

Kool & the Gang стана еден од најпопуларните и највлијателните во својата ера со хитови како Celebration и Get Down On It.

Нивната музика беше прикажана во неколку филмови, вклучително и мјузиклот „Треска на саботната вечер“ (Saturday Night Fever) – за кој добија Греми во 1978 година, и „Евтини приказни“ (Pulp Fiction) – култниот филм на Тарантино од 1994 година.

Можете да прочитате

Утринска навика која може да го зголеми ризикот од појава на деменција

Петто издание на винскиот фестивал во Охрид

Навика која родителите ја прават од љубов, а всушност му одмага на детето