Утрински Весник
Магазин

Крис Ву се соочува со обвинение за дрогирање и силување на девојка и во САД

Крис Ву се соочува со обвинение за дрогирање и силување на девојка и во САД

Девојка од Лос Анџелес се огласи со тврдење дека била дрогирана и силувана од кинеско-канадската ѕвезда Крис Ву, кој беше уапсен минатата недела во Пекинг под обвинение за силување.

Оттогаш, повеќе од 24 жени во Кина излегоа со слични наводи, односно дека 30-годишниот Ву ги опијанувал и потоа ги принудувал на секс.

Најновото обвинување, сепак, значи дека Ву може да се соочи со кривична пријава и граѓански тужби и во САД.

Девојката од Лос Анџелес откри дека била на една од сега веќе-озлогласените забави на Ву, каде ѝ бил одземен телефонот. Таа тврди дека на забавата се делеле мали бели таблети и дека изгубила свест пред да биде сексуално нападната.

Можете да прочитате

Утринска навика која може да го зголеми ризикот од појава на деменција

Петто издание на винскиот фестивал во Охрид

Навика која родителите ја прават од љубов, а всушност му одмага на детето