Утрински Весник
Македонија

Тешко повреден 83-годишен кумановeц, управувал мопед и излетал од патот

Тешко повреден 83-годишен кумановeц, управувал мопед и излетал од патот

83-годишно лице од Куманово се здобило со тешки телесни повреди откако изгубило контрола и излетало од патот со мопедот кој го управувал.

Според полицијата вчера околу 10.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово – с.Табановце, Љ.С.(83) од Куманово, управувајќи мопед „томос”, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Љ.С., констатирани во Општа болница Куманово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Можете да прочитате

Акциска контрола на возила за јавен превоз – за пет часа констатирани 92 неправилности

СДСМ: Три недели не работи ниту еден компјутерски томограф во Клинички 

Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание