Утрински Весник
Македонија

Тешко повреден 83-годишен кумановeц, управувал мопед и излетал од патот

Тешко повреден 83-годишен кумановeц, управувал мопед и излетал од патот

83-годишно лице од Куманово се здобило со тешки телесни повреди откако изгубило контрола и излетало од патот со мопедот кој го управувал.

Според полицијата вчера околу 10.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово – с.Табановце, Љ.С.(83) од Куманово, управувајќи мопед „томос”, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Љ.С., констатирани во Општа болница Куманово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Можете да прочитате

ЦУК: До 18 часот осум активни пожари и три под контрола

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци

Сиљановска Давкова – Мацинка: Европската интеграција на Западниот Балкан е не само политичко, туку и европско безбедносно прашање