Утрински Весник
Македонија

Утре променливо облачно и посвежо време со локален дожд

Утре променливо облачно и посвежо време со локален дожд

Утре времето ќе биде променливо облачно и посвежо, претежно во првиот дел од денот ќе има локален пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер кој вдолж Повардарието ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 24, а максималната од 29 до 37 степени. УВ=8

Во Скопје, променливо облачно, посвежо и понекаде во регионот со повремено пороен дожд и појава на грмежи. Ветерот ќе биде северен и краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе биде околу 19, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Преку ноќта, како и утре претежно претпладне и во текот на пладневните часови ќе има појава локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, со пообилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. Утре и во сабота температурите ќе опаднат за 4 до 5 степени.

Можете да прочитате

Околу 4900 помалку запишани првачиња од лани, едносменска настава воведена во над 200 училишта 

Германец бил затекнат како со дрон ја снимал караулата во селото Радожда

Завршени вонредните инспекциски надзори за лекувањето на пациентката С.М. од Струмица