Утрински Весник
Македонија

(Видео) Изгаснат пожарот во „Охис“, нема опасност од експлозија

(Видео) Изгаснат пожарот во „Охис“, нема опасност од експлозија

Охис е обезбеден, пожарот е целосно под контрола и безмалку изгаснат, нема опасност за граѓаните, ниту од експлозија ниту од отровни гасови, ниту од ширење на пожарот, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

И градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски,, потврди дека огнот во кругот на фабриката е под контрола.

„Од запалена сува трева огнот го зафати објектот на управната зграда на фабриката ‘Биљана’. Противпожарните единици на град Скопје го локализираа пожарот и состојбата е под контрола. Не постои никаква опасност од натамошно ширење на огнот“, напиша Темелковски на „Фејсбук“.

Можете да прочитате

ГОРИ КАЈ ЦЕРОВО: Екипите се на терен, се спречува ширењето на пожарот

ГОРИ КАЈ ЦЕРОВО: Екипите се на терен, се спречува ширењето на пожарот

„ПОРШЕ“ СО 168 КМ/Ч НА ОГРАНИЧУВАЊЕ ОД 80 – возачот заврши со лисици на Табановце