Утрински Весник
Македонија

Ширењето на пожарот кај Делчево е критично – неопходна евакуација на две села

Ширењето на пожарот кај Делчево е критично – неопходна евакуација на две села

Жителите од критичните реони во село Нов Истевник и Стар Истевник зафатени со големиот пожар да се евакуираат во градската средина, порача градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски.

„Поради алармантната состојба на теренот, неконтролираното ширење на пожарот и силниот ветар, а со цел да не се загрозат човечки животи, неопходна е евакуација на жителите од селото Нов Истевник заедно со сите селски маала: Пасјак, Балабанци, Курачко Маало, како и на жителите од селото Стар Истевник“, нагласи делчевскиот градоначалник.

Тој воедно апелира жителите да бидат крајно внимателни и да не се движат во критичните реони.

„Поради неконтролираното ширење на пожарот се предупредуваат и жителите на селото Тработивиште да бидат крајно внимателни и да ја следат состојбата со цел брза реакција доколку пожарот земе посилен замав во атарот на селото“, истакна Трајковски.

Можете да прочитате

„Турција без терор“ – историски чекор кон крајот на еден повеќедецениски воен конфликт

Царинска управа: Во поштенска пратка откриени 700 грама хашиш

Кузеска: Сè што рековме се потврдува, aрамијата не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство