Утрински Весник
Македонија

Ширењето на пожарот кај Делчево е критично – неопходна евакуација на две села

Ширењето на пожарот кај Делчево е критично – неопходна евакуација на две села

Жителите од критичните реони во село Нов Истевник и Стар Истевник зафатени со големиот пожар да се евакуираат во градската средина, порача градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски.

„Поради алармантната состојба на теренот, неконтролираното ширење на пожарот и силниот ветар, а со цел да не се загрозат човечки животи, неопходна е евакуација на жителите од селото Нов Истевник заедно со сите селски маала: Пасјак, Балабанци, Курачко Маало, како и на жителите од селото Стар Истевник“, нагласи делчевскиот градоначалник.

Тој воедно апелира жителите да бидат крајно внимателни и да не се движат во критичните реони.

„Поради неконтролираното ширење на пожарот се предупредуваат и жителите на селото Тработивиште да бидат крајно внимателни и да ја следат состојбата со цел брза реакција доколку пожарот земе посилен замав во атарот на селото“, истакна Трајковски.

Можете да прочитате

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Обвинителството бара одбивање на гаранцијата за Дејан Јованов, дел од имотот е дивоградба, а дел се шупи, плевна и имот под извршување

Македонските домаќинства фрлаат 86 кг храна годишно по жител, 17 кг над европскиот просек