Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Египет падна со храбра игра – Експертите изборија ново олимписко финале

Египет падна со храбра игра – Експертите изборија ново олимписко финале
Img 7972

Ракометната репрезентација на Франција избори пласман во финалето на олимпискиот турнир во Токио. Франција, во првото полу-финале, го победи Египет со 27:23 (13:13). Французите четврти пат по ред ќе играт олимписко финале, во Пекинг и Лондо го освоија златото, во Рио де Жанеиро пред пет години беа втори. Пласманот во полу-финалето за Египет е историски успех не само за оваа земја, туку и африканскиот ракомет. Никога досега репрезентација од Африка не стигнала толку далеку на еден олимписки турнир.

Француската одбрана, предводена од голманот Жерар, го оневозможи Египет да приреди сензација. Египќаните на стартот водеа со 5.1 и 7:4, меѓутоа Жерар со серија одбрани ги врати во натпреварот. Првото полувреме заврши 13:13.

Израмнето се играше и во првиот дел од второто полувреме. Во периодот од 43. до 47.минута, Франција ја направи клучната серија, се одлепи на 18:15.

До крајот на мечот, Жерар не им дозволи на египетските ракометари да се врата во мечот.

На крајот Жерар имаше 17 интервенции, односно одбрани 46 отсто од удари упатени кон неговиот гол. Стрелците кај Франција ги предводеа Ремили и Деска со по пет гола. Ист број на голови за Египет постигна играчот на Веспрем, Јахија Омар.

Франција во финалето ќе игра против победникот од натпреварот помеѓу Данска и Шпанија.

> Египет падна со храбра игра – Експертите изборија ново олимписко финале <

Можете да прочитате

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН

На Матка ќе се одржат две кола од Светскиот куп во кајак на диви води

Распродадени билетите за македонските фанови за дуелот со Белгија во Гент