Утрински Весник
Македонија

Уапсен крадец од Штип при извршување на тешка кражба

Уапсен крадец од Штип при извршување на тешка кражба

Полициски службеници од Полициската станица Штип вчера го лишиле од слобода М.А.(33) од Штип, бидејќи околу 10.30 часот бил затекнат при вршење кривично дело „тешка кражба во обид“.

Тој како што нагласуваат од полицијата, со употреба на сила и погоден предмет насилно отворил влезна врата на подрум во зграда на ул.„Генерал Михајло Апостолски“ во Штип.

М.А. бил приведен и по комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Обвинителството бара одбивање на гаранцијата за Дејан Јованов, дел од имотот е дивоградба, а дел се шупи, плевна и имот под извршување

Македонските домаќинства фрлаат 86 кг храна годишно по жител, 17 кг над европскиот просек

Филипче: Народот тоне во сиромаштија, а ние треба да зборуваме за мошти од пред илјада години