Утрински Весник
Македонија

Вчера се вакцинирале 10.984 граѓани

Вчера се вакцинирале 10.984 граѓани
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 519.106 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.905 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.984 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 932.603 дози вакцини, а ревакцинирани се 401.336 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Со последните бројки 65% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 62% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 57% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 47% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата, како што истакнаа од министерството се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Вонреден инспекциски надзор на Клиниката за гинекологија по случајот со починато бебе