Утрински Весник
Македонија

Уапсен крадец од Скопје

Уапсен крадец од Скопје

Полицијата уапси 30-годишен скопјанец кој се сомничи за кривично дело-тешка кражба.

Според МВР, вчера во 07.30 часот од страна на полициски службеници од СВР Скопје – Единица за внатрешни работи Карпош бил лишен од слобода М.Ј.(30) од Скопје, со што е расчистено едно кривично дело – тешка кражба во обид, извршено во с.Бардовци.

При извршен претрес во куќа во с.Бардовци, кај што М.Ј. престојувал, пронајдени се предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од други кривични дела.

По документирање на случајот против М.Ј. ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

СДСМ: Три недели не работи ниту еден компјутерски томограф во Клинички 

Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание

ВЛЕН: Груби си го бара пасошот за 335 илјади евра, народот си ги бара децата