Утрински Весник
Магазин

Лекарите на Бритни Спирс сметаат дека татко ѝ треба да се отстрани од спорното старателство

Лекарите на Бритни Спирс сметаат дека татко ѝ треба да се отстрани од спорното старателство
Dik 300x250 mk

Продолжува правната битка на Бритни Спирс за укинување на 13-годишниот посебен надзор на татко ѝ, Џејми Спирс, со засилени напори да издејствува правна и финансиска слобода.

Според нови судски документи, лекарите на поп-sвездата се залагаат да се отстрани таткото. Ваквото тврдење наведено во поднесок до судот би било голем напредок – доколку медицинскиот тим на Спирс верува дека нејзиниот татко нанесува штета на нејзиниот случај, судот најверојатно ќе го сфати тоа многу сериозно, пишува „Вараети“.

Новиот поднесок доаѓа истата недела кога новиот адвокат на Спирс, Метју Розенгарт, официјално побара од судот да го суспендира и отстрани таткото на Спирс од трајното старателство.

Адвокатот го поднесе барањето до судот во Лос Анџелес на 28 јули.

Можете да прочитате

Ова се четирите најверни хороскопски знаци

Фестивалот „Хаус оф Три” го враќа шармот на скопје на три градски локации

Тихиот Океан рекордно топол, мистериозен топол бран ги збунува климатолозите