Утрински Весник
Македонија

Саксии со канабис пронајдени при увид во пожар на „Водно“

Саксии со канабис пронајдени при увид во пожар на „Водно“

При увид во пожар на „Водно“ вчера полицијата пронашла околу 15 саксии со стебла канабис кои биле зафатени од пожарот.

Според МВР, вчера во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во парк – шумата „Водно“, на местото викано „Марково крувче“, настанал пожар во кој биле опожарени смрека, трева и борова шума.

При увидот биле пронајдени и околу 15 саксии со стебла „канабис сатива“ кои биле зафатени од пожарот.

Од МВР најавија дека се работи на расчистување на случајот.

Можете да прочитате

На денешен ден пред 85 години во Прилепско првпат е изведена песната „А бре Македонче“

Почина торакалниот хирург Зоран Спировски

„Ниту една повеќе“ – протест во Скопје против фемицидот