Утрински Весник
Македонија

Муцунски и Митева на средба со Сагарц: Изразена загриженост за извештаите за високо ниво на корупција

Муцунски и Митева на средба со Сагарц: Изразена загриженост за извештаите за високо ниво на корупција
Img 5587

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека меѓународниот Секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски заедно со портпаролката Марија Митева оствариле средба со Кристијан Сагарц, пратеник во Европскиот парламент и известител во сенка за Република Македонија.

На средбата како што пишува во партиското соопштение се разговарало за актуелната политичка состојба и предизвиците на Македонија во процесот на европска интеграција.

300x250 (7)

„Муцунски и Митева ја истакнаа нивната загриженост за добиените извештаи на релевантни меѓународни организации во кои преовладува укажување за постоење на високо ниво на корупција. Тие го информираа Сагарц дека процесот на европска интеграција мора да биде воден низ процес на вистински реформи кои примарно треба да се фокусираат на реформа на правосудството и јавната администрација“, стои во напишаното.

Муцунски и Митева истакнаа дека пристапните преговори треба да започнат што поскоро и тоа низ призма на европски вредности и критериуми, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Ss1

Можете да прочитате

На помалку од една недела од двојните избори на 8 мај, партиите и коалициите продолжуваат со постизборни владини комбинаторики

Денеска е Велики петок – најтешкиот ден во годината

100 санкционирани возачи во Скопје